ПОЧНА ЛИ САБОТАЖАТА НА НЕЗАВИСНИТЕ? Страницата на ДИК за проверка дали сте на Избирачкиот список не работи!
Од 17 до 30 август, освен во канцелариите на ДИК, граѓаните може да ги поддржат независните листи и кај одредени нотари, за што е потребна проверка во овој систем. Доколку не се пронајдени на тој список, нивниот потпис не се смета за важечки, предупредува Зелен хуман град.
Страницата на Државна изборна комисија / Komisioni shtetëror i zgjedhjeve / SEC за проверка на лицата дали се на избирачки список (https://izbirackispisok.gov.mk) денеска не ги наоѓа лицата кои до вчера биле на списокот, алармира Зелен хуман град.
Истово го потврдиле повеќе членови на ЗХГ, кои во изминатите денови се провериле и увериле дека фигурираат на тој список. Но денеска страницата дава други резултати, односно не ги наоѓа тие лица ниту со ЕМБГ, ниту со другите лични податоци.
Дополнително, страницата за контакт со подрачните единици за проверка и за промена на податоците не функционира.
Од 17 до 30 август, освен во канцелариите на ДИК, граѓаните може да ги поддржат независните листи и кај одредени нотари, за што е потребна проверка во овој систем. Доколку не се пронајдени на тој список, нивниот потпис не се смета за важечки.
„Дали станува збор за саботажа, и отежнување на процесот на собирање потписи, или за технички проблеми на ДИК? Во секој случај, вакви пропусти се недозволиви и мора итно да се интервенира бидејќи го спречува процесот на собирање потписи за поддршка кај нотарите“, реагира Зелен хуман град.
Од ЗХГ испратиле и мејл до ДИК, со барање за јавно објаснување на настанатата ситуација и итна поправка!
*Преку внесување на личните податоци на страницата, лицето може да провери дали се наоѓа на избирачкиот список (дали има право да гласа), и во која општина и подрачна единица може тоа право да го оствари.
вв