Почна летото во Австралија, температурите рушат рекорди
Поради високите температури граѓаните ги посетуваат плажите и базените за разладување.
Силен топлотен бран повторно го зафати јужниот и источниот дел на Австралија, со што се зголеми ризикот од пожари, а австралискиот Завод за метеорологија очекува во следните денови температурите да урнат рекорд.
Инаку, денеска на јужната земјина хемисфера почнува летото.
– Иако горештините и топлотните бранови се вообичаени за овој период од годината, сепак оваа жештина се разликува по температурите повисоки за 18 степени Целзиусови над просечните – истакна Дин Нарамор од метеоролошкиот завод.
Поради високите температури граѓаните ги посетуваат плажите и базените за разладување.
Топлотниот бран, кој полека се движи кон североисток, го зголемува ризикот од пожари, а повеќе од 30 пожарникарски екипи се обидуваат да го локализираат огнот на локалитетот кој се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО, островот Фрејзер.