📷 ПОЧНА ФЕШТАТА ВО ВЕНЕЦИЈА Лорен Санчез блескаше во златен фустан и се бакнуваше со Безос

Двојката подготви гламурозна забава за добредојде за своите познати гости во четвртокот, 26 јуни, а сè се одржа во затворен манастир до црквата Мадона дел'Орто.

1,482

Венчавката на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција официјално започна – и тоа со стил. Двојката подготви гламурозна забава за добредојде за своите познати гости во четвртокот, 26 јуни, а сè се одржа во затворен манастир до црквата Мадона дел’Орто.

За таа пригода, Лорен Санчез избра златен фустан со отворени рамена со корсетирана половина и богат барокен вез, потпишан од модната куќа  „Скјапарели“. Фризурата – висока опашка со пуштени брановидни прамени – го надополни гламурозниот изглед. Безос се појави во класичен црн костум, бела кошула и авијатичарски очила за сонце.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)


Двојката беше снимена како го напушта хотелот „Аман“, а Безос галантно ѝ помага на невестата да влезе во водното такси за да отплови до локацијата на прославата.

Меѓу познатите гости што пристигнаа со брод беа Ким и Клое Кардашијан, Кендал и Кајли Џенер, Том Брејди, Орландо Блум, Крис Џенер и нејзиниот партнер Кори Гембл.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TheWrap (@thewrap)


Ким носеше елегантен фустан со змиски принт, Клое црна вечерна тоалета, Кендал цветен фустан, а Кајли златен чипкаст ансамбл. Екипажот уживаше и се смееше на бродот додека позираа за фотографии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Türkiye (@vogueturkiye)


Леонардо Дикаприо го напушти хотелот „Грити Палас“ во црн костум и качкет, додека неговата партнерка Виторија Черети беше видена во сребереносив фустан со набори на едното рамо. Опра Винфри и Гејл Кинг, кои пристигнаа во Венеција порано во текот на денот, се појавија заедно на забавата – Опра во виолетово-бел фустан со шари, а Гејл во долг фустан со златен синџир.

Според извори блиски до организаторите, гостите пристигнаа во конвој од приближно 30 бродови, додека полицијата на џет-скии ја обезбедуваше областа. Целиот канал пред местото на одржување беше преполн со бродови.

Безос и Санчез пристигнаа меѓу последните, со силна безбедносна придружба што ги штитеше од јавноста. Во еден момент застанаа и се бакнаа пред да излезат од бродот.

Поврзани содржини