📷 ПОЧНА ДА СЕ СНИМА СЕРИЈАТА „ХАРИ ПОТЕР“ Осамнаа првите фотографии и новите имиња

Серијата за момчето волшебник Хари Потер започна со снимање, а вчера беше објавена првата фотографија.

158

Серијата за момчето волшебник Хари Потер започна со снимање, а вчера беше објавена првата фотографија.

Романите на Џ. К. Роулинг веќе се претворени во филмови, но ХБО сега продуцира ТВ-серија за која се очекува да се снима во текот на 10 години, објавува Би-би-си.






Продуцентите ја објавија првата фотографија од 11-годишниот Доминик Меклафлин во костум на Хари Потер во понеделникот и потврдија дека се ангажирани уште неколку нови членови на екипата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UNTOLD NORTHEAST (@untold_northeast)


На оваа фотографија објавена од ХБО се гледа Доминик Меклафлин, кој ќе го игра Хари Потер, на снимањето на серијата на ХБО „Хари Потер“, закажана за 2027 година.

Рори Вилмот ја доби улогата на Невил Лонгботом, Амос Китсон како Дадли Дарсли, Луиз Брили како госпоѓа Роланда Хуч и Антон Лесер како Гарик Оливандер.

Претходно беше објавено дека Џон Литгоу ќе го игра Дамблдор, Ник Фрост Хагрид, Џенет Мектир ќе биде Минерва Мекгонагал, а Папа Есиеду – Северус Снејп.

Имињата на трите деца кои ќе ги играат Хари, Рон и Хермиона беа објавени во мај.

Серијата ќе се снима во студијата на „Ворнер Брос“ во Ливсден, Хартфордшир, каде што се снимани и осумте филмови за Хари Потер.

ХБО претходно соопшти дека серијата ќе биде „верна адаптација на култните книги“.

ТВ-серијата ќе има повеќе простор за истражување на заплетот на книгите без временските ограничувања на филмот.

Првата сезона ќе започне во 2027 година.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by El Profeta (@diarioelprofeta)

Поврзани содржини