ПОЧНА ДА РАБОТИ ДИГИТАЛНАТА БИБЛИОТЕКА „МАКЕДОНСКА ДРЖАВА“ Достапна е англиската, а наскоро ќе ја има и македонската верзија

Платформата стартува со повеќе од 300 поставени примероци на електронски книги, историски документи и истражувања кои опфаќаат повеќе од 150 години македонска историја, култура и поезија.

177

Од денеска за граѓаните е достапна најголемата дигитална библиотекка на македонското  историско наследство наречена „Mакедонска држава”.

Платформата стартува со повеќе од 300 поставени примероци на електронски книги, историски документи и истражувања кои опфаќаат повеќе од 150 години македонска историја, култура и поезија.






Зад платформата стои група млади ентузијасти и љубители на македонското културно наследство, кои во изминатиот период вложија многу труд за да ги соберат, дигитализираат и систематизираат достапните материјали од различни библиотеки, архиви, приватни збирки и јавни извори.

Нивната визија, како што соопштија,  е едноставна, македонската историја и култура да бидат зачувани и споделени со сите преку оваа дигитална архива.

„Македонска држава“ е замислена како постојано растечка дигитална архива чија цел е да ги поврзе истражувачите, учениците, професорите, новинарите и сите што ја негуваат љубовта кон македонската историја и култура во заедница што активно го чува и пренесува националното наследство. Со редовно додавање на нови содржини, платформата ќе се развива во сè побогата ризница на знаење и колективна меморија

Иако во моментов е достапна на англиски јазик, уште овој месец ќе ја добие и македонската верзија, а потоа и преводи на други јазици. Така, библиотеката ќе биде подеднакво корисна за граѓаните дома, за македонската дијаспора, но и за меѓународната јавност која сака да се запознае со македонската културна и историска традиција.

Посетете ја www.makedonskadrzava.com, истражете ја колекцијата и станете дел од движењето што ја чува македонската приказна за идните генерации.

 

 

Поврзани содржини