ПОЧНА ДА ПАЃА ФАСАДАТА НА МАКЕДОНСКАТА „ПРАВДА“? Долго време се ронеше, време беше да се струполи!

Очевидци раскажуваат дека токму во тој момент две дечиња поминувале под зградата и благодарение на брзата реакција избегнале да им падне на глава.

833

Дел од фасада на зграда паднал кај „Тобако Жак Мар“ пред Министерството за правда. Нема повредени лица, јави МИА.

Случајот е пријавен преку Единствениот број за итни случаи 112. Оттаму информираат дека потенцијална опасност претставува уште еден дел од фасадата.






Регионалниот ЦУК Скопје ја информирал Општина Центар од каде информирале дека се излезени на терен.

„Од Општина Центар има повратна информација дека се излезени на терен и доколку имотот припаѓа на физички лица тогаш тие требало да го решат овој проблем со фасадата што почнала да паѓа, се вели во соопштението од ЦУК.

Очевидци раскажуваат дека токму во тој момент две дечиња поминувале под зградата и благодарение на брзата реакција избегнале да им падне на глава.

– За малку ќе убиеше две дечиња, со брзо трчање, исплашени истрчаа…не знаеја што се случува. Кога задува силен ветер падна цел блок од фасадата на зградата, додека паѓаше удри на еден клима уред и тоа ги алармираше децата да реагираат инаку ќе им паднеше на глава – раскажа очевидец.

 

 

Поврзани содржини