ПОЧИНАТО 9-МЕСЕЧНО БЕБЕ ОДНЕСЕНО ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА Бебето имало здравствени проблеми
Од болницата ја известиле полицијата дека бебето од претходно било болно.
Во болницата во Велес вчера било донесено починато 9-месечно бебе. Од болницата ја известиле полицијата дека бебето од претходно било болно.
„Во СВР Велес, од Општа болница Велес вчера утро во 8.30 часот било пријавено дека на детското одделение било донесено починато 9-месечно бебе од село Сливник, Велешко. Бебето од претходно било со здравствени проблеми. Лекар констатирал смрт без траги на насилство“, соопштија од велешката полиција.
По наредба на јавен обвинител телото на починатото бебе е дадено на обдукција, се додава во соопштението.