Позитивен на ковид-19 е 44-годишниот албански државјанин кој беше пронајден мртов во Кавадарци, потврдуваат од Центарот за јавно здравје Кавадарци, а тие потврда за случајот добиле од Судска медицина, објави КТВ.
Тој работел во Кавадарци и во Штип, сега се бараат лицата кои биле во контакт со него, а била извршена и дезинфекција во објектот каде што е пронајден.
Осуммина вработени во Основното јавно обвинителство Кавадарци, петмина од полициската станица и еден доктор се во самоизолација бидејќи биле на увид во станот во кој почина албанскиот државјанин, објави Канал 77.