Денеска во 02.50 часот во СВР Велес било пријавено дека во домот на улица Кочо Рацин била пронајдена 46-годишната Р.П. од Градско.
Екипата од Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство.
Известен е јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.