Во СВР Скопје, вчера И.П.(50) од Скопје пријавил дека на 1 март 2021 во периодот од 14 до 15 часот на ул.„Христо Татарчев“ неговиот татко Р.П.(83) бил удрен од мопед, кој го напуштил местото.
Како што соопшти МВР, во незгодата пешакот се здобил со повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а на 2 март, во 22.30 часот починал.
За настанот бил известен јавен обвинител. Се работи на расчистување на случајот.