Починаа осум пациенти, 127 се новозаразени од ковид-19

750

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 904 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19.

Починати се 8 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово, еден од Струга и еден пациент од Кичево.






Во Скопје има 57, Куманово 4, Штип 13, Тетово 6, Струга 10, Охрид 7, Кавадарци 1, Гостивар 8, Пробиштип 2, Демир Хисар 1, Кратово 2, Свети Николе 12, Кичево 4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 83 оздравени лица од: Скопје 35, Штип 8, Тетово 33, Велес 1, Гостивар  5, Пехчево 1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст 70 и 93 години. Во ГОБ „8 Септември“ починати се пет лица на возраст 34,45,78 и 87 години, а кај 62 годишен пациент, вирусот е потврден постмортем. Во КБ Тетово почина пациент на 78 години.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 94 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 деца позитивни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациент. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 52 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 128 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Поврзани содржини