ПОЧИНА ЗАТВОРЕНИК ВО ИДРИЗОВО Полицијата ја истражува смртта на 44-годишниот кичевчанец
Лекар од Итна медицинска помош ја констатирал смртта на осуденикот, а по наредба на јавен обвинител, телото било упатено на обдукција.
Осуденикот Џ.Х. (44) од Кичево вчера починал на 25.02.2025 во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.
Според пријавата, во 16.20 часот, лекар од Итна медицинска помош ја констатирал смртта на осуденикот, а по наредба на јавен обвинител, телото било упатено на обдукција.
„Полицијата продолжува со истрагата за утврдување на сите околности околу смртта. Засега не се познати детали за можни надворешни причини на смртта“, информираат од полицијата.