На социјалните мрежи се простуваат од Владимир Змејковски од Форумот на слободоумни патриоти. Змејковски беше еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ. Според информации од потесното семејство, Земејковски починал по долго боледување.
Владимир Змејковски е брат на поранешниот долгогодишен функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Змејковски.