Почина „вистинскиот“ Бил Гејтс, милијардерот се збогува од својот татко
Вилијам Х. Гејтс бил познат адвокат и најзаслужен за успехот на својот син Бил, а и самиот милијардер тоа го потврди на Твитер.
Милијардерот Бил Гејтс се опростил од својот татко со зборовите дека нему му должи сè и дека ќе му недостасува во животот.
Вилијам Х. Гејтс бил познат адвокат и најзаслужен за успехот на својот син Бил, а и самиот милијардер тоа го потврди на Твитер.
„Мојот татко беше вистинскиот Бил Гејтс. Беше сè што се обидував да бидам и ќе ми недостасува секој ден“, напиша милијардерот на Твитер.
Помладиот Гејтс се потсетил на своето детство и споменал дека неговите родители, посебно неговиот татко, биле полни со разбирање за сите проблеми низ кои тој и неговите сестри минувале.
– Секогаш ме охрабруваше и тој е најзаслужен што како млад многу ризикував, како кога го напуштив факултетот за да го основам „Микрософт” и да го направам тоа што е денес – рекол Гејтс за „GatesNotes” блогот, а пренесува „Cnet”.
My dad was the “real” Bill Gates. He was everything I try to be and I will miss him every day.https://t.co/OnAEsmosNb
— Bill Gates (@BillGates) September 15, 2020