ПОЧИНА УШТЕ ЕДЕН ПАЦИЕНТ КОЈ СЕ ЛЕКУВАШЕ ВО ЛИТВАНИЈА Пожарот во Кочани ја одзеде 61-та жртва

Повеќе детали наскоро се очекува да соопшти министерот за здравство Арбен Таравари.

589

61-ва жртва на трагедијата во Кочани, почина уште еден пациент кој бил на лекување во Литванија.

Како што рече министерот за здравство Арбен Таравари, станува збор за 29-годишниот Александар Гавриловски, кој бил еден од најкритичните пациенти кои настрадаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март.






– Во 11 часот почина и вториот пациент кој престојуваше во Литванија. Станува збор за Александар Гавриловски, кој имаше 29 години. Беше од Градската општа болница упатен во Литванија. Неговата состојба беше тешка од почеток, а од 4 април се влоши повеќе, а од вчера беше ставен на хемодијализа. Ова ни е втор пациент кој почина, од 193 кои ги третиравме. Имаме уште двајца критични пациенти – рече Таравари.

Министерот откри и какви повреди имал Александар.

– Александар имаше повреди, 35 отсто изгореници од трет степен, изгореници на дишните патишта, еден од потешките пациенти, од тие четири кои ги кажувавме критични. Другите двајца сега за сега се критични, но стабилни – додаде Таравари.

Во петокот, на тешките повреди здобиени во пожарот во „Пулс“ им подлегна и Александар Карадакоски кој исто така се лекуваше во Литванија.

Неговото тело вчера е донесено во Македонија, а утре ќе биде погребан во Кочани.

Поврзани содржини