ПОЧИНА ТОМИСЛАВ СТОЈАНОВСКИ – БОМБАЈ Поранешен пратеник и лидер на ДПМ

972

На 81-годишна возраст денеска во Тетово почина Томислав Стојановски-Бомбај, поранешен пратеник и лидер на Демократската партија на Македонија (ДПМ).

Тој беше роден 1940 година во Тетово, а завршил Машински факултет.






Бомбај беше избран за пратеник на изборите во 1994 година и во Собранието помина цел мандат, а беше и кандидат за тетовски градоначалник во 2009 година.

Стојановски работеше и како директор на енергетското одржување на некогашниот текстилен гигант „Тетекс“, а беше и долгогодишен директор на Средното земјоделско училиште „Моша Пијаде“ во Тетово.

По пензионирањето, Стојановски го основа и со години го одржуваше Тетовскиот фолк фестивал, кој се одржуваше во манастирскиот комплекс во селото Лешок.

Поврзани содржини