📷 ПОЧИНА ТАТКОТО НА РИЈАНА ПО КРАТКО БОЛЕДУВАЊЕ Пејачката е бремена со третото дете

Таткото на музичката ѕвезда Ријана, Роналд Фенти, почина на 70-годишна возраст, објави „Пејџ сикс“.

442

Таткото на музичката ѕвезда Ријана, Роналд Фенти, почина на 70-годишна возраст, објави „Пејџ сикс“.

Како што објави „Старком Нетворк Њуз“, радио станица со седиште во Барбадос, родната земја на поп-ѕвездата, Фенти починал рано наутро во саботата во Лос Анџелес.






Официјалната причина за смртта сè уште не е позната, но изворите наведуваат дека починал по кратко боледување. Според истиот извор, членовите на семејството се собрале во Калифорнија за да оддадат почит. Ријана сè уште не се огласила јавно за смртта на својот татко.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simon Says Drip (@simonsaysdriphq)


Тажната вест доаѓа во време кога Ријана го очекува своето трето дете со својот долгогодишен партнер, раперот АСАП Роки.

Поврзани содржини