Српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански почина ненадејно на 71-годишна возраст од срцев удар.
Лазански починал во својот дом во Белград како последица на срцев удар, како што неофицијално дознава Новости.
Лазански пишуваше за загрепските весници Полет, Вјесник, Данас и Старт. Во февруари 1991 година се пресели во Белград и почнал да пишува за дневниот весник Политика. Пишуваше и за Политика експрес, НИН, Вечерње новости, загрепски Старт, Катимерини, Дајмонд викли и Секјуритаријан. Напиша десет книги и е автор на десетина телевизиски серијали.
Известуваше од војните во Авганистан, Бејрут, Чеченија, Заир, Либан, конфликтот Ирак-Иран, за време на операцијата Пустинска бура, за време на војната во Босна и Херцеговина, Словенија, Косово, Либија итн.