Почина советничката Аида Хоџиќ
Тажната веста на Фејсбук ја објави градоначалникот Златко Марин, а на социјалните мрежи од младата девојка се простуваат нејзини роднини и пријатели.
Почина Аида Хоџиќ, советничка во Советот на Општина Аеродром.Тажната веста на Фејсбук ја објави градоначалникот Златко Марин, а на социјалните мрежи од младата девојка се простуваат нејзини роднини и пријатели.
-Другарка која Општина Аеродром сакаше да е уште поубаво место за живеење. Другарка, секогаш насмеана која сакаше на сите да им помогне. Ќе ни недостигаш Аида. Почивај во мир – напиша на Фејсбук градоначалникот Марин.