Британскиот принц и сопруг на кралицата Елизабета Втора (94), почина на 99-годишна возраст, во замокот Виндзор, пренесува британски „Мирор“.
Портпаролот на кралското семејство неодамна изјави дека принцот е во болница во Лондон, бидејќи не се чувствува добро. Принцот беше подложен на операција на срцето, неколку недели престојуваше во болница, после што беше пуштен на домашно лекување.
На почетокот на јануари, тој и кралицата Елизабета Втора беа вакцинирани против коронавирусот.
По повод неговата смрт, се огласи Бакингемската палата.
– Кралицата Елизабета Втора со голема тага ја известува јавноста дека почина нејзиниот сакан сопруг принцот Филип, војводата од Единбург – се наведува во соопштението на Бакингемската палата.
– Неговото височество почина мирно утринава во замокот Виндзор – се додава во соопштението за медиумите.
Кралицата Елизабета во 1947 година се омажи за принцот Филип.