Почина познатата пејачка: Првиот албум го издаде на тригодишна возраст

1,113

Бети Рајт, соул и ар-ен-би пејачка, најпозната по хитот „Clean Up Woman“, почина на 66-годишна возраст.

Според „Вариети“, таа починала во нејзиниот дом, ја изгубила битката со ракот.






Својот прв албум го издала заедно со нејзините браќа и сестри, кога имала само три години.

Меѓутоа, големо име на сцената стана со песната „Clean Up Woman“ од нејзиниот втор албум „I Love the Way You Love“, објавен во 1971 година.

Песната беше број 6 на листата Билборд Хот 100 и продадена е во повеќе од милион примероци.

Таа освои награда „Греми“ за песната „Where is the Love“.

Поврзани содржини