ПОЧИНА МОНИКА ВИТИ Ја нарекуваа „кралица на италијанскиот филм“

Италијанската филмска икона почина по долга болест.

734

Италијанската филмска ѕвезда Моника Вити почина на 90-годишна возраст. Веста за смртта на глумицата, во име на најзиниот сопруг Роберто Русо, ја објави неговиот пријател, режисер и писател Валтер Велтрони.

„Роберто Русо, нејзиниот партнер сите овие години, бара од мене да кажам дека Моника Вити повеќе не е со нас. Тоа го правам со болка, љубов, жалење”, напиша Валтер Велтрони на Твитер.






Подеднакво надарена во комедија како и во драма, неверојатно убава, Моника беше и „најгрубата“ девојка во 1960-тите.

„Алцхајмеровата болест од која боледуваше може за неа да се смета за историски непријател против нејзиниот природен шарм, кој ѝ овозможи да премине од интелектуалец кој чекореше со книгите на Џојс во нејзината чанта до гротескен комичар кој сите го сакаат“, пишува „Corriere della Sera“.

Моника Вити светската слава ја стекна во 60-тите години од минатиот век глумејќи во филмовите на Микеланџело Антониони – „Авантура“, „Ноќ“, „Замрачување“ и „Црвена пустина“.

Во текот на нејзината четириесетгодишна кариера, таа сними повеќе од педесет филмови, соработувајќи со легенди како Пјер Паоло Пазолини, Луис Буњуел, Еторе Скола, и ќе остане запаметена како волшебната стрип хероина Модести Блејз од истоимениот филм од 1966 година.

Моника Вити е родена како Марија Луиза Чечиарели во Рим на 3 ноември 1931 година.

 

 

Поврзани содржини