ПОЧИНА МЛАДАТА ТИКТОКЕРКА НА 19 ГОДИНИ Ана боледувала од рак на мозокот
Младата тиктокерка Ана Грејс Фелан почина помалку од една година откако ѝ беше дијагностициран рак на мозокот. Ана имаше 19 години.
Младата тиктокерка Ана Грејс Фелан почина помалку од една година откако ѝ беше дијагностициран рак на мозокот. Ана имаше 19 години.
Нејзиното семејство објави соопштение на ТикТок. Ана починала во петокот, на 23 мај.
„Многумина од вас го следеа нејзиното патување низ тешката борба со ракот и беа сведоци на нејзината вера. Ви благодариме за илјадниците молитви за оздравување и мир“, напиша семејството, меѓу другото.
Откако завршила средно училиште во Џеферсон, Џорџија, Фелан работела како рецепционерка во медицинска ординација. Фелан, по потекло од Флорида, го документирала своето патување со ракот на социјалните мрежи откако почнала да чувствува симптоми минатото лето, само неколку дена пред да почне тргне на факултет.
На Фелан ѝ бил дијагностициран малиген тумор на мозокот во четврта фаза, кој беше категоризиран како глиобластом. Глиобластомот, познат и како глиобластом мултиформе, е најагресивниот вид рак што настанува во мозокот и има многу лоша прогноза за преживување.
Фелан претходно објавила на ТикТок дека нејзините почетни симптоми вклучувале вкочанетост на едната страна од лицето и едната нога. Таа направила магнетна резонанца која покажала лезија на мозокот, а на крајот имала биопсија на мозокот која покажала рак.
„Ова дефинитивно е најтешката вест што некогаш сум ја добила“, рекла таа во септември 2024 година.
Во последователните видеа, Фелан им дала на своите следбеници увид во нејзиниот третман со радиотерапија и отворено зборувала за влошувањето на симптомите, кои вклучувале проблеми со дишењето и вртоглавица.
На почетокот на мај, таа зборувала за тоа како нејзиниот тумор на мозокот пораснал и дека е неоперабилен, и им се заблагодари на своите следбеници за нивната поддршка.