На 53-годишна возраст денеска ненадејно почина Матија Дедиќ. Беше исклучителен хрватски џез пијанист и композитор, познат е по својот виртуозен стил и спој на џезот со елементи на класичната музика и домашни музички традиции.
Матија е син на познатите хрватски пејачи Арсен Дедиќ и Габи Новак.
Студирал пијано во Грац, а во текот на својата кариера соработувал со бројни домашни и странски музичари.
Една од неговите највпечатливи работи е албумот „Матија го свири Арсен“, каде што ја преработи музиката на својот татко на трогателен и уметнички силен начин.
Тој е добитник на неколку награди, меѓу кои и на „Порин“, најпрестижната хрватска музичка награда.