ПОЧИНА МАРИЈА КРПАН Хрватската актерка глумеше во хит-серијата „Изборот на Лара“

Марија Крпан (71) беше долгогодишна членка на Хрватскиот народен театар Вараждин, која остави силен белег во театарот, телевизијата и филмот.

53

Актерката Марија Крпан почина на 71-годишна возраст, а тажната вест ја потврди Хрватскиот народен театар во Вараждин.

– Со длабока тага во срцата ја примивме веста дека утрово нè напуштила Марија Крпан, долгогодишна членка на ансамблот на ХНК во Вараждин. Освен по многубројните улоги, ќе ја паметиме по нејзиниот ведар дух кој не го губеше до последен момент. Искрено сочувство до целото семејство, пријателите и колегите, а на драгата Марија благодарност за сè и среќен пат на некое подобро место – пишува во соопштението.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by HNK Varaždin (@hnk_varazdin)

Публиката низ целиот регион најмногу ќе ја памети актерката по улогата на Јасмин во хит-серијата „Изборот на Лара“ од 2012 година.

Родена на 12 август 1954 година во Хум (Вочин), Марија Крпан го покажала својот талент уште во младоста. Уште како средношколка се истакнала како одлична рецитаторка и членка на драмски групи. Уште во почетокот на 1970-тите учествувала во театарски проекти и натпревари кадешто веднаш го привлекла вниманието.

Поголемиот дел од својата кариера го поминала на театарската сцена, претежно во Вараждин, каде што остварила голем број значајни улоги. Пошироката публика ја памети и по нејзините телевизиски настапи, во кои често играла впечатливи споредни ликови.

Таа е позната на јавноста и по улогите во сериите како „Изборот на Лара“, „Под среќната ѕвезда“, „Мамутика“, „Светот на Биби“, „Законот на љубовта“ и „Нашата куќичка, нашата слободичка“. Исто така, глумела и во филмот „Маргиналци“.

Поврзани содржини