ПОЧИНА МАНЕКЕНКАТА ЛУСИ МАРКОВИЌ Хрватската убавица која ги освои модните писти
Австралискиот модел со хрватско потекло Луси Марковиќ почина синоќа на 27-годишна возраст, објавија австралиските медиуми. Веста за нејзината смрт беше објавена на нејзиниот инстаграм-профил.
Австралискиот модел со хрватско потекло Луси Марковиќ почина синоќа на 27-годишна возраст, објавија австралиските медиуми. Веста за нејзината смрт беше објавена на нејзиниот инстаграм-профил.
Луси Марковиќ беше добро познато лице на австралиската и меѓународната модна сцена, соработуваше со престижната агенција Elite NYC, беше модел за „Версаче“ и работеше на кампањите на Викторија Бекам. Таа, исто така, учествуваше во популарното телевизиско шоу „Australia’s Next Top Model“.
View this post on Instagram
Со години, таа храбро се бореше со сериозна болест – артериовенска малформација (AVM), заплеткување на крвни садови во мозокот што може сериозно да ги загрози мозочните функции.
„Драги пријатели и семејства, за жал мораме да ве известиме дека Луси почина. Таа почина во мир. Јас, нејзината мајка и мојата мајка бевме со неа. Во овие моменти, ве молиме да ни дадете простор, нека Луси почива во мир“, рекоа членовите на нејзиното семејство.
Нејзината модна агенција и познатата дизајнерка Донатела Версаче исто така се збогуваа со Луси.
„Таа беше како блескава светлина, со одлично чувство за хумор. Обожаваше да се смее и да танцува и многу ќе ни недостига“, изјави агенцијата Elite NYC.
„Многу ми е жал за Луси Марковиќ. Почивај во мир, прекрасно девојче“, напиша Донатела Версаче.
View this post on Instagram
Минатиот месец, Марковиќ на социјалните мрежи ја сподели веста дека наскоро ќе се подложи на операција, на почетокот на април. Тоа беше едно од нејзините последни јавни појавувања.