ПОЧИНА ЛЕГЕНДАТА НА ГЕРМАНСКИОТ ФУДБАЛ Андреас Бреме во 1990 година му ја одзеде шампионската титула на Марадона

Бреме го заслужи статусот на икона меѓу германските навивачи откако го постигна голот од пенал во финалето на Светското првенство во 1990 година што го реши победникот во натпреварот помеѓу Германија и Аргентина. Тогаш му ја одзеде шампионската титула на Марадона. Некогаш Бреме беше познат како прототип на модерен дефанзивец со одличен центаршут и уште подобар шут.

904

Легендата на германскиот фудбал Андреас Бреме ненадејно почина во понеделникот вечерта на 63-годишна возраст по срцев удар. Иако му била укажана помош во болница лоцирана недалеку од неговиот дом, тој не можел да се спаси. Зад себе ја остави својата партнерка Сузан Шефер и два возрасни сина од првиот брак.

Бреме го заслужи статусот на икона меѓу германските навивачи откако го постигна голот од пенал во финалето на Светското првенство во 1990 година што го реши победникот во натпреварот помеѓу Германија и Аргентина. Како германски репрезентативец го освои Светското првенство во 1990 година, постигнувајќи го победничкиот гол во финалето против Аргентина (1:0). Тогаш му ја одзеде шампионската титула на Марадона. Некогаш Бреме беше познат како прототип на модерен дефанзивец со одличен центаршут и уште подобар шут.






Тој во кариерата постигна дури 72 гола. За германската репрезентација играше 86 пати, учествуваше на три Светски првенства (1986, 1990 и 1994) и три Европски првенства (1984, 1988 и 1992). На Европските првенства во 1984 и 1992 година беше вклучен во најдобриот тим на турнирот.

Во својата клупска кариера настапуваше за Кајзерслаутерн, Баерн Минхен и за Интер, со кои освоија шампионски титули. Тој беше прогласен за најдобар играч на Серија А во 1989 година, а во 1990 година беше трет во поредокот за Златната топка.

Неговата тренерска кариера не беше ни приближно сјајна и беше краткотрајна. Кратко ги водеше Кајзерслаутерн и Унтерхахинг, а една сезона беше асистент во штабот на Штутгарт.

Поврзани содржини