ПОЧИНА „КРАЛИЦАТА НА ФАНК МУЗИКАТА“ Замина легендарната Бети Дејвис
Славата ја стекна во периодот од 1964 и 1975 година и го доби прекарот „кралица на фанкот“.
Американската пејачка Бети Дејвис почина на 77-годишна возраст во својот дом во Пенсилванија. Смртта настапила природно, како што изјавила нејзината блиска пријателка Даниела Маџио.
„Со голема тага ве информирам за смртта на Бети Дејвис, мултиталентирана музичка ѕвезда и пионерка, пејачка, текстописец и модна икона“, изјавила во средата долгогодишната пријателка на Бети, Кони Портис.