ПОЧИНА ПОЛИЦАЈКА ОД ИЗРАЕЛ 16-годишен Палестинец утрово ја прободел со нож

619

Почина израелската гранична полицајка која изутрината се здоби со тешки повреди при напад со нож во Ерусалим, соопшти израелската полиција.

Таа беше нападната од 16-годишен Палестинец пред полициска станица во Источен Ерусалим, кој Израел го анектираше откако го освои во Шестдневната војна во 1967 година.






Во соопштението полицијата наведува дека „терористот е неутрализиран“.

Полицајката (20), која има и американско државјанство, се преселила во Израел пред две години и живеела во кибуц во близина на границата на Појасот Газа во област нападната од членовите на исламската екстремистичка група Хамас на 7 октомври.

Оттогаш, убиени се 59 израелски полицајци, објавија израелските медиуми.

Поврзани содржини