ПОЧИНА ИГОР ЈУГ Беше осуден за случувањата во Собранието на 27 април

Информацијата ја потврди директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов.

2,918

Почина Игор Југ, осуден за „случувањата во Собрание за 27 април“ кој издржуваше 12-годишна затворска казна. Тој беше на прекин од издржување на казната поради влошената здравствена состојба.

Југ почина на 54 години од кои осум ги помина зад решетки.






Информацијата ја потврди директорот на Управа за извршување санкции Александар Пандов.

Југ починал дома, на роденден на својата ќерка каде му се слошило и набргу потоа починал, објави Курир од сопствени извори.

Кривичен суд утрово демантираше дека Игор Југ барал повторување на постапката. Оттаму информираа дека до Кривичниот совет не е доставено барање за повторување на постапката.

– Поради повеќе медиумски објави, како и новинарски прашања кои утрово беа доставени во судот, ја информираме јавноста дека во врска со лицето Игор Југ, кој е правосилно осуден во предметот со КОК .бр. 40/18 за настаните кои се случија во Собранието на РСМ од правосилноста на пресудата, па сѐ до овој момент, до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје не е доставено било какво барање од осудениот или неговиот бранител за повторување на постапката – наведуваат од Судот.

 

Поврзани содржини