ПОЧИНА ФУДБАЛСКАТА ЛЕГЕНДА ЕДСОН АРАНТЕС ДО НАКСИМЕНТО Пеле се смета за најдобриот фудбалер на сите времиња
Пеле ја предводеше бразилската репрезентација до три светски шампионски титули – во 1958, 1962 и 1970 година.
Легендата на бразилскиот и светскиот фудбал Пеле почина на 83-годишна возраст по тешка борба со болеста. Последните моменти Едсон Арантес до Насименто Пеле ги помина во болница со семејството.
На Пеле му беше дијагностициран рак на дебелото црево во септември 2021 година, а неодамна неговата состојба нагло се влоши.
Неговото тело престана да реагира на терапии, а од 29 ноември беше во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло.
Пеле ја предводеше бразилската репрезентација до три светски шампионски титули – во 1958, 1962 и 1970 година.
Во дресот на репрезентацијата постигна 77 гола, а на Светското првенство во Катар тој рекорд го израмни Нејмар.
Пеле се смета за еден од најголемите, ако не и најголем фудбалер во историјата на овој спорт.