Почина една од најпознатите италијански актерки ФОТО

1,123

Познатата италијанска актерка и сценаристка Дарија Николоди, инаку мајка на актерката Асија Арџенто, почина на 70-годишна возраст, во Рим. Нејзината ќерка го потврди тоа на Инстаграм.

Дарија Николоди е, можеби, најпозната по заедничкото сценарио со тогашниот нејзин сопруг – режисерот Дарио Арџенто, за нивниот филм „Суспирија“ од 1977 година. Дарија и Дарио се разделија 1985 година, но во меѓувреме таа и глумеше во неколку негови филмови – „Длабка црвена“, „Инферно“, „Феномен“, „Опера“… Асија е нивна ќерка.






Таа има уште една ќерка – Ана, од бракот со скулпторот Марио Сероли.

Актерската кариера Дарија ја заврши 2009 година.

 

Daria Nicolodi 75.jpg

Daria Nicolodi, the Italian screenwriter and actress who starred in the 1980 supernatural film Inferno, has passed away at age 70

 

ФОТО: Wikipedia

Поврзани содржини