Почина еден од полицајците кај „Капитол хил“

Осомничениот со автомобил удрил во полицискиот пункт каде биле двајцата полицајци, а потоа излегол од возилото вооружен со нож. Полицијата отворила оган кон него и го усмртила, објасни таа.

858

Еден полицаец им подлегна на повредите по нападот кај „Капитол“ во Вашингтон, соопшти полицијата, додавајќи дека напаѓачот исто така е мртов.

– Еден од двајцата повредени полицајци им подлегна на повредите – рече началникот на полицијата во Капитол, Јогананда Питман на прес-конференција.






Осомничениот со автомобил удрил во полицискиот пункт каде биле двајцата полицајци, а потоа излегол од возилото вооружен со нож. Полицијата отворила оган кон него и го усмртила, објасни таа.

Полицијата соопшти дека верува оти инцидентот не е поврзан со тероризам.

Во престолнината на САД граѓаните се жалат поради сеуште забарикадираните улици во центарот на градот, и по неколку месеци по насилните настани на 6 јануари. Причината на денешниот инцидент се коментира и во тоа светло.

Поврзани содржини