ПОЧИНА ДИН СТОКВЕЛ ОД „КВАНТЕН СКОК“ Зад себе остави блескава 70-годишна кариера (ВИДЕО)

Тој ја започна својата кариера како дете во 1940-тите, глумејќи во филмови како „Anchors Aweigh“ и „Gentleman’s Agreement“. Беше номиниран и за „Оскар“ за најдобра споредна машка улога во филмот „Венчани за мафијата“ (Married to the Mob) од 1988 година.

759

Дин Стоквел, познат по улогата во научно-фантастичната серија „Квантен скок“ (Quantum Leap), почина на 85-годишна возраст, јавува МИА. Холивудскиот глумец, кој имаше кариера долга 70 години, починал во неделата рано наутро во својот дом. Негов гласноговорник рече дека тој починал од природна смрт.

Еве како Стоквел ја пееше In Dreams, песна од Рој Орбисон во авангардниот „Блу Велвет“ на Дејвид Линч:






Дин глумеше во 97 епизоди од телевизиската серија „Квантен скок“, од 1989 до 1993 година. Таа серија му донесе повеќе номинации за „Еми“, а во 1990 година доби „Златен глобус“ за најдобра споредна машка улога.

Тој ја започна својата кариера како дете во 1940-тите, глумејќи во филмови како „Anchors Aweigh“ и „Gentleman’s Agreement“. Беше номиниран и за „Оскар“ за најдобра споредна машка улога во филмот „Венчани за мафијата“ (Married to the Mob) од 1988 година.

А еве како почнуваше серијата која порано сите ја гледаа во Македонија.

Поврзани содржини