ПОЧИНА ДЕВОЈКАТА КОЈА БЕШЕ ЗАСТРЕЛАНА ОД ТАТКО Ѝ ВО ВИЕНА Хоророт во српското семејство го посведочиле и децата

За да биде трагедијата уште полоша, на злосторството во станот во Виена биле сведоци и деца. Чинот го виделе другата ќерка (15) и нивните два внуци, вели извор за австрискиот портал Хојте.

739

Девојка (24) која беше застрелана во главата од нејзиниот татко (44) во вторник околу 20 часот почина во болница во Виена. Според порталот Хојте, лекарите два дена се бореле за животот на тешко повредената млада жена, но таа ја загуби битката за живот во четвртокот вечер, 18 септември.

Според написите во српските медиуми, убиецот е српскиот државјанин Ненад Митровиќ (44) кој ја застрелал сопруга Златица (44) со огнено оружје и тешко ги повредил нивната ќерка К. М. (24) и нејзиниот партнер (26) во стан во Виена.






Потоа го напуштил станот и пукал во австриските специјалци кои пристигнале на повик на улицата, пишува српски Мондо.

„Полицијата возвратила на огнот, но убиецот успеал да влезе во својот ‘Мерцедес’ и да вози неколку улици подалеку. Таму бил пронајден мртов во автомобил со прострелна рана во главата. Обдукцијата ќе утврди дали извршил самоубиство или бил убиен од полициски куршум“, велат изворите.

За да биде трагедијата уште полоша, на злосторството во станот во Виена биле сведоци и деца. Чинот го виделе другата ќерка (15) и нивните два внуци.

„Едното од нив нема повеќе од 5 години, а другото е новороденче“, се сеќава изворот.

 

Поврзани содржини