Денис „Ди Ти“ Томас, еден од основавчите на легендарниот соул-фанк бенд „Кул енд д генг“ (Kool & the Gang) починал во саботата во 70-тата година од животот во Њу Џерси.
Томас починал во сон, а причината за неговата смрт сѐ уште не е позната, пишува „Гардијан“.
Томас беше алт -сакс, флејтист и перкусионист. Неговиот последен настап со групата беше 4 јули на Холивуд Боул во Лос Анџелес.
Томас е роден во 1951 година, на Флорида. Тој остана препознатлив по специфичната облека и шеширите, а интересно е тоа што беше стилист во својот бенд. Со својот бенд, тој исто така правеше и музика за филмови и освои две „Греми“ награди, како и седум американски музички награди.
Минатиот септември почина уште еден од основачите на групата „Кул енд д генг“, Роналд Бел на 68-годишна возраст.
Нивната музика се најде во многу познати филмови, вклучувајќи ги и „Роки“, „Петпарачки приказни“ и „Треска на саботната вечер“.
Томас остави зад себе сопруга и три деца.
ФОТО: Инстаграм