ПОЧИНА АКТЕРОТ КОЈ ГО ПАМЕТИМЕ ОД ТВИН ПИКС Овен Рис Дејвис имаше само 44 години

Овен Рис Дејвис, актер познат по улогата на агентот Вилсон во серијата „Твин Пикс“, почина ненадејно на 44-годишна возраст.

0

Актерот Овен Рис Дејвис, кој публиката го памети најмногу по улогата на агентот Вилсон во серијата „Твин Пикс“, почина на 44-годишна возраст.

Тажната вест ја потврди неговиот брат Родри Дејвис во објава на Инстаграм. Според него, Дејвис починал ненадејно, од природна смрт и мирно. Родри се збогува со својот брат со емотивни зборови.






– Знаеме дека оваа загуба ќе влијае на многумина и наоѓаме утеха во сознанието колку бил сакан – напиша тој, додавајќи дека „постојат прашања за околностите на неговата смрт кои остануваат неодговорени“ и побара приватност за семејството.

Велшкиот актер имаше голем број значајни улоги во текот на својата кариера. Покрај „Твин Пикс“, гледачите можеа да го видат и во серијата на Нетфликс The OA, филмот „Алиса од онаа страна на огледалото“ и хорор-комедијата „A Serial Killer’s Guide To Life“.

Со него се збогуваа и на официјалниот профил на серијата „Твин Пикс“.

– Нашите мисли се со неговото семејство, пријателите и сите што го познаваа и го сакаа. Ти благодариме што беше дел од светот на „Твин Пикс“, агенту Вилсон – напишаа тие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Twin Peaks (@welcometotwinpeaks)

Националниот театар на Велс, исто така, му оддаде почит.

– Овен беше извонреден талент чија работа го збогати велшкиот театар и филм, а неговиот придонес во сценските уметности ќе биде запаметен од публиката, колегите и пријателите. Неговата страст, креативност и посветеност на неговиот занает оставија траен белег врз културниот живот на Велс. Велшката заедница на сценски уметности е посиромашна поради неговата загуба и можеме само да замислиме уште колку приказни би раскажал. Cysga’n dawel, Owain“, порачаа од театарот.

Поврзани содржини