ПОЧИНА 29-ГОДИШЕН ПАЦИЕНТ ОД КАВАДАРЦИ Короната одзеде 15 животи
Досега во земјата се направени вкупно 1.558.639 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.064, бројот на оздравени пациенти е 208.938, на починати е 7.853, а бројот на активни случаи изнесува 5.273.
15 починати, 320 новозаразени и 214 оздравени лица од ковид-19 се регистрирани во последното деноноќие, информираше Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
„Направени се 3.366 тестирања, а регистрирани се 320 нови случаи на ковид-19: Скопје – 165, Прилеп – 26, Охрид –18, Кавадарци – 16, Битола – 11, Велес – 10, Куманово – 8, Струмица – 7, Тетово и Ресен – по 6, Гевгелија, Радовиш и Валандово – по 5, Кичево и Кочани – по 4, Штип и Берово – по 3, Гостивар, Неготино, Крива Паланка, Делчево, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Свети Николе, Виница, Пробиштип и Демир Хисар – по 1. Регистрирани сe 214 оздравени пациенти од: Скопје – 120, Кавадарци – 19, Битола – 18, Куманово – 8, Охрид – 6, Велес, Штип и Неготино – по 5, Прилеп, Тетово и Свети Николе – по 4, Струмица, Гевгелија и Пробиштип – по 3, Кочани – 2, Ресен, Валандово, Богданци, Струга и Дојран – по 1. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (56, 64 и 80), две починати лица од Кавадарци (29 и 59), и по едно починато лице од Велес (77), Охрид (72) и Ресен (72). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 7 лица, починати во период од 14-19.12.2021 година. Починатите лица се од Пехчево (2), Куманово (1), Охрид (1), Кавадарци (1), Свети Николе (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 42 до 85 години. Од пријавените, 3 лица се починати во болнички услови, а 4 лица се починати во домашни услови“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Направени се 3.366 тестови преку: ИЈЗ-321, ЦЈЗ Скопје-59, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-49, ЦЈЗ Тетово–10, ЦЈЗ Куманово-79, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–139, Жан Митрев (Филип Втори)-85, Авицена-163, Биотек-167, Систина-89, лабораторија Лаор-138, Синлаб-22, Ремедика-22, Плодност–38, Генеа-9, Никоб лаб-303, ВФВ Медикал-48, Ели Медика-62, Ројал Медика–59, Спектра-ММ-13, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–10, Нова Лаб Дијагностика–7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.400.
Досега во земјата се направени вкупно 1.558.639 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.064, бројот на оздравени пациенти е 208.938, на починати е 7.853, а бројот на активни случаи изнесува 5.273.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)