ПОЧЕТОК НА НОВА ЕРА Меси дебитираше во дресот на ПСЖ (ВИДЕО)
Аргенцитенцот своето деби во дресот на „светците“ го имаше од клупата, а во 66 минута на теренот го замени неговиот поранешен соиграч во Барселона, Нејмар.
Екипата на ПСЖ славеше на гостувањето кај Ремс со двата гола на Килијан Мбапе, но натпреварот го одбележа влегувањето во игра на и дебито на Лионел Меси во дресот на „светците“.
Аргентинецот почна ново поглавје во својата фантастична кариера откако тој вечерва дебитираше за ПСЖ на гостувањето против Ремс.
Тренерот Покетино го остави Меси на клупата поради недоволна физичка подготвеност, но потоа во 66 минута гостинските фанови со еуфорија го дочекаа влегувањето во игра на нивниот нов миленик кога влезе во игра на местото на Нејмар.
Во моментот на измената ПСЖ имаше водство од 0-2 со двата гола што ги постигна Килијан Мбапе, резултат кој остана до крајот на средбата.