Министерството за труд и социјална политика ги повикува компаниите да се придружуваат до препораките за организација на работењето затоа што заштитата на здравјето на работниците е основен услов за заштита на економијата. Апелираме до правните субјекти во оваа вонредна состојба сите да покажеме одговорност. Инспекциските служби се на терен и ќе го следат почитувањето на препораките.
Препораките за организирање на работниот процес се следните:
- Во погоните каде непосредно се врши производниот процес да се лимитира бројот на вработени до таа мера што работниците да бидат на растојание од 1,5 до 2 метри.
- Во самиот погон задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција нa раце и работни површини.
- За време на работното време од страна на вработените да се почитуваат општите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце и дезинфекција со употреба на дезинфекциони средства на база на алкохол).
- Да се врши почесто проветрување на работните простории, односно повеќе пати во текот на денот и доколку е тоа можно (преку природна и вештачка вентилација).
- Еднаш неделно да се врши дезинфекција на сите работни простории, особено во погоните, од овластена служба за тоа.
- Во случај на непосреден контакт со позитивен лабораториски потврден случај на КОВИД-19 (со или без симптоми), лицето веднаш се изолира и се пријавува до надлежен Центар за јавно здравје.
- Да се избегнува контакт на вработените лица од погоните меѓу себе во текот на работниот процес, а особено со административните службеници.
- Во случај на потреба од административна работа, потпишувањето на хартиени докумени да се спроведува исклучиво преку едно одредено лице кое носи лична заштитна опрема на себе (заштитна маска и ракавици).
- Лицата задолжени за обезбедување на објектот да носат исто така лична заштитна опрема.
- Возачите кои дистрибуираат готови производи, репроматеријали, хартиени документи, исто така да носат лична заштитна опрема.
- Да не се одржуваат состаноци/колегиуми и истите да се спроведуваат по телефон или на меил.