ПОЧЕКАЈТЕ ДА ПОМИНЕ ПОЛНОЌ, ПА ТОЧЕТЕ ГОРИВО Бензините поевтинија дури 2 денара, а дизелот е поевтин за 1,5 денари

Пониски цени од полноќ ќе имаат и маслото за горење и мазутот.

210

Малопродажните цени на бензините од полноќ се намалуваат за 2 денара, на дизелот  за 1,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 1 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Новата цена на бензинот од 95 октани е  84,50 денари, а на тој од 98 октани е 86,50. дизелот од полноќ има цена од 86,50 денари, додека маслото за горење ќе се продава по цена од 82,50 денари за литар.






За 0,027 денари поскапува Мазутот и еден килограм од полноќ  ќе чини 41,810 денари за килограм.

Поврзани содржини