ПОБРЗО НИЕ ЌЕ ИСЧЕЗНЕМЕ Вака Коцарев го оценува нашиот пат кон ЕУ

Тоа значи дека секогаш можат повторно да бидат отворени, дури и кога се потпише Договорот за пристапување, треба да се ратификува во сите собранија на земјите-членки и тоа повторно можат да го вратат. Оттука бев поттикнат да напишам во својата колумна, вели претседателот на МАНУ.

740

Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев денеска повторно ги критикуваше Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство, како и вториот Протокол меѓу владите на Македонија и Бугарија. Според него, сите три документи треба да се гледаат заедно.

– Тие водат кон разнебитување на Македонците и државата – вели Коцарев.






Тој говореше и отворањето на преговорите на земјава со ЕУ. Според него, реалноста е дека Црна Гора преговара со ЕУ веќе 10 години и од 35 поглавја, затворени се само 3.

– Тоа значи дека секогаш можат повторно да бидат отворени, дури и кога се потпише Договорот за пристапување, треба да се ратификува во сите собранија на земјите-членки и тоа повторно можат да го вратат. Оттука бев поттикнат да напишам во својата колумна. Црна Гора нема проблеми со ниту еден сосед, а ние имаме големи проблеми. Мислам дека можеби процесот на пристапување во ЕУ ќе трае бесконечно долго. Побрзо ќе се случи ние да исчезнеме, а дури потоа да влеземе во ЕУ, за жал – смета Коцарев во интервју за Тв Сител.

Поврзани содржини