Победникот на Евровизија шмркал кокаин пред камерите?! (ВИДЕО)

Шведски новинар го праша Дамијано дали користел кокаин на Евровизија, по што групата се огласи на својот официјален профил на Инстаграм.

22,155

Италијанската група „Манескин“ која синоќа победи на Евровизија демантира дека нејзиниот пејач Дaмијанo Дејвид конзумирал опијати пред камерите.

Шведски новинар го праша Дамијано дали користел кокаин на Евровизија, по што групата се огласи на својот официјален профил на Инстаграм.






„Навистина сме шокирани што некои луѓе велат дека Дамијано користел дрога. Ние сме против дрога и никогаш не сме користеле кокаин. Подготвени сме да се тестираме затоа што нема што да криеме. Тука сме да ја претставиме нашата музика и многу сме среќни за нашата победа на Евровизија и сакаме да им се заблагодариме на сите за поддршката. Рокенролот никогаш не умира. Ве сакаме“, стои во соопштението на групата „Манескин“.

Погледнете го видеото објавено на Твитер кое внесе сомнеж кај гледачите:

Поврзани содржини