📽 ПОБЕДНИЧКАТА ПАРАДА ВО КАНЗАС СИТИ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ТРАГЕДИЈА Едно лице е убиено, девет се повредени 

Пукањето се случило западно од станицата Унион додека навивачите на Канзас Сити Чифс си заминувале. На прославата се очекувале околу милион луѓе, додека безбедноста требало да ја одржуваат околу 600 полицајци.

566

Едно лице е убиено, а девет се повредени по оружениот инцидент во Канзас Сити, Мисури, на парада организирана по победата на Канзас Сити Чифс на спектакуларниот Супербол, објави ABC News, цитирајќи ја противпожарната служба во Канзас Сити.






Пукањето се случило западно од станицата Унион додека навивачите на Чифс си заминувале. На прославата се очекувале околу милион луѓе, додека безбедноста требало да ја одржуваат околу 600 полицајци.
Двајца вооружени напаѓачи се уапсени, соопшти полицијата во Канзас Сити.

– Евакуирана сум и надвор од животна опасност. Ги охрабрувам сите да ги следат упатствата на полицијата. Ве молиме, бидете безбедни – изјави гувернерката на Канзас, Лора Кели.

Поврзани содржини