Победи за Лазаров и Манасков во Лигата на шампиони

Нант во меч од 2. коло од Лигата на шампионите, го совлада Кил со 35:27. Лазаров натпреварот го заврши со два гола.

271

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров имаше успешна вечер со својот Нант на гостувањето кај Кил во Германија.

Нант во меч од 2. коло од Лигата на шампионите, го совлада Кил со 35:27. Лазаров натпреварот го заврши со два гола.






Два бода вечерва со својот Веспрем освои и Дејан Манасков. Тој беше стрелец на три гола во триумфот на Унгарците над ППД Загреб со 37:25.

Веспрем има максимални четири бода, додека Нант има два бода од две средби.

Поврзани содржини