ПОБЕДИ ПОРАДИ СВОЈОТ СИЛЕН АВТОРИТЕТ, НАСЕЛЕНИЕТО ЈА САКА ТВОЈАТА ПОЛИТИКА Путин му честиташе на Лукашенко
Русија и Белорусија ќе продолжат тесно да соработуваат за зајакнување на нивната мултилатерална соработка, зголемување на ефикасноста на институциите во државата на Унијата и за унапредување на заемно корисните интегративни процеси во евроазискиот простор, рече рускиот претседател, Владимир Путин.
Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска му честиташе на Александар Лукашенко за неговиот реизбор за претседател на Белорусија.
– Убедливата победа на изборите јасно укажува на вашиот силен политички авторитет, како и на непобитната поддршка на населението за политиката што ја води Белорусија – рече Путин.
Како што изјави рускиот претседател, двајцата неодамна придонесоа многу за зајакнување на пријателските односи меѓу Москва и Минск.
– Русија и Белорусија ќе продолжат тесно да соработуваат за зајакнување на нивната мултилатерална соработка, зголемување на ефикасноста на институциите во државата на Унијата и за унапредување на заемно корисните интегративни процеси во евроазискиот простор – додаде Путин.
РУСИЈА ЌЕ Ѝ ДАДЕ „ОРЕШНИК“ НА БЕЛОРУСИЈА? Минск сака да се одбрани од американските ракети во Европа