ПОБЕДИЈА ДАРИО ИВАНОВСКИ И БИЛЈАНА КИРАЏИЕВА Се одржа трката на 10 километри HalkEco Skopje RUN

На трката учествуваа околу 1300 натпреварувачи. Почетокот и целта на трката беше фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк.

238

Во организација на Сојузот на спортови на Скопје, заедно со Атлетскиот клуб Работнички и спонзорот HalkBanka, под покровителство на Град Скопје и Агенцијата за млади и спорт изутринава се одржа шестото издание на HalkEco Skopje RUN трката на 10 километри.

На трката учествуваа околу 1300 натпреварувачи. Почетокот и целта на трката беше фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк.






Победник во машката категорија на овогодишната десет километарска трка, како и во претходните пет изданија, е Дарио Ивановски, со нов рекорд од 29:42, на второто место се најде Џастин Фриман, со време од 32:03, а третото место му припадна на Атанас Анчевски, со време од 32:36.

Во женската категорија прва беше Билјана Кираџиева, со 37:48 минути, второто место го зеде Миљана Ристиќ со 41:27 минути и на третото место заврши Весна Кираџиева со 43:18 минути.

– Пред 6 години се јави потреба, поради преголема заинтересираност, да се организира и оваа трка, која е во склоп на Виз Ер Скопски маратон. HalkEco Skopje Run 10 км, почна како локална, а многу брзо прерасна во меѓународна трка. Со оваа трка, исто и како со другите кои се дел од Виз Ер Скопски маратон, секоја година докажуваме дека нашата земја има активно, спортско население. Ја користам оваа прилика да ги поздравам сите учесници на трката, а на оние најдобрите им честитам за постигнатите резултати – изјави Гордана Николовска од Сојузот на спортови на Скопје.

Поврзани содржини