„ПОБЕДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ БИДЕ УБЕДЛИВА ВО СИТЕ ОПШТИНИ“ Можноста за отповик на градоначалници е уште поголема мотивација за работа

Граѓаните се тие коишто го избираат градоначалникот и граѓаните се тие коишто треба да имаат механизам да го отповикаат, вели Дејан Митески, градоначалник на Аеродром.

998

Убедлива ќе биде победата на ВМРО-ДПМНЕ во сите опптини на престојните локални избори, вели Дејан Митески, градоначалник на Општина Аеродром.

– Не само за Град Скопје, јас верувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник во најголем дел од општините, имајќи предвид дека како локална самоуправа, меѓутоа, и сега како централна власт покажавме дека навистина интересот на граѓаните ни е приоритет, така што очекувам убедлива победа – рече Митески во гостување на МТВ.






Во измените на Законот за локална самоуправа е вметнат исправен механизам за отповикување на градоначалниците пред истекот на мандатот.

– Досега постоеше можност за отповикување, ама тоа беа избори на кои граѓаните кажуваа дали се за или против градоначалникот. Сега ќе постои можност на пократок период, на барање на одреден број на гласачи согласно Законот за локална самоуправа, да се спроведе постапка за доверба, односно недоверба на градоначалникот. Тоа е чекор за поздравување. Не само што не не плаши, напротив нè мотивира да работиме уште повеќе. Граѓаните се тие коишто го избираат градоначалникот и граѓаните се тие коишто треба да имаат механизам да го отповикаат – објаснува Митески.

Митески истакна дека во рамки на јавниот повик за финансирање на инфраструктурни проекти од Владата околу 14 милиони евра се ставени на располагање на Општина Аеродром.

– Работевме интензивно и напорно во изминатиот период во однос на изработката на проектите. Опфатени се проекти од сите населби на територијата на Аеродром и тоа проекти од секаков вид. Почнувајќи од подземна инфраструктура, надземна инфраструктура, училишта, градинки, домови на култура. Ова е нешто што општините го бараа многу години наназад – рече Митески.

Поврзани содржини