ПОБЕДАТА ДОМА, СПОРЕД МИЦКОСКИ, НОСИ ПОЛЕСНИ ПОБЕДИ И НИЗ СВЕТОТ Повика на масовна излезност во вториот круг од локалните избори
Не е доволно само да победувате дома, ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија, организација, и ја има честа да ги штити националните интереси на македонскиот народ и затоа ни е потребна поддршка за да победувамево Лондон, во Рим, во Брисел и насекаде во светот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Благодарам за поддршката во првиот круг, во кој 33 општини избраа градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата наспроти 3 од СДСМ, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на предизборен настан во Конче и ги повика граѓаните да излезат масовно и да гласаат на вториот круг на 2 ноември со заокружување на бројот 9.
– Како ВМРО-ДПМНЕ и коалиција сакам да потенцирам и да биде јасно дека ќе се бориме за секој еден човек и дека никој нема да оставиме, дека нашата амбиција на овие избори е да имаме 59 градоначалнички места – истакна Мицкоски.
Тој додаде дека на овие избори има три опции. Првата е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, втората е опцијата се оние кои 7 години ја ограбуваа и уништуваа државата и третата, најлоша опција е да останат гласачите дома или да го направат ливчето неважечко. Затоа ги повика граѓаните да излезат и да одлучат за нивната иднина.
– Вие сте тие на кои ви должиме сè, ВМРО-ДПМНЕ е народна партија, доаѓа од народот и затоа поддршката од народот нам ни е најважна. Најважна, за да ги совладаме предизвиците дома, за да победиме и во Конче за да имаме повисока цена на тутунот, за да имаме повисока цена на пиперките, за да имаме подобар живот, услови, но, истовремено вашата доверба ја прави нашата позиција многу посилна надвор. Затоа што не е доволно само да победувате дома, ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија, организација, и ја има честа да ги штити националните интереси на македонскиот народ. Затоа ни е потребна таа поддршка за да можеме да победуваме, како што победуваме, во Лондон, во Рим, во Брисел и насекаде во светот – рече Мицкоски.
Без тоа се плашам дека ќе се вратиме во времето од пред 2 години, додаде тој.
– Кога беше друга влада, која имаше 2 цели – како да се наплати во политиката на грбот на народот, која брутално ги ограбуваше македонските граѓани и влада која не бираше средства како да го распродава националниот интерес и како да ја распродава Македонија. Затоа ни е потребна вашата поддршка за да не се случува тоа што се случуваше. Затоа да излеземе и на 2 ноември, да гласаме за број 9 – повика Мицкоски.