„ПОБЕДА НАД ШТЕТНИТЕ ОДЛУКИ НА ГРУБИ“ Вреди го коментира укинувањето на лиценците за интернет игри на среќа

Оваа одлука на Владата е победа на моралот над погрешните и коруптивни одлуки на Артан Груби и Прпарим Бајрами за воведување интернет коцкарници, кои како општествено зло директно ги таргетираа младите, велат од Вреди.

5,456

Планот на коалицијатаВреди за справување со штетните последици од коцкањето, веднаш даде конкретни резултати, коментираат од коалицијата откако денеска Владата на 22. седница ги укина лиценците за интернет игри на среќата. Во соопштение до јавноста од Вреди велат:

„Ветувањето за отстранување на коцката надвор од домовите на граѓаните е исполнето! Коалицијата Вреди со конкретни дела се справува со девијантните појави кои режимот на ДУИ ни ги остави во наследство.






Во првите 80 дена од формирањето на владино мнозинство, предложивме и усвоивме Автентично толкување на законот за игри на среќа со што се создадоа правни предуслови за одлуката на Владата за затворање на пет компании и отстранување на коцката од домовите на граѓаните.

Оваа одлука на Владата е победа на моралот над погрешните и коруптивни одлуки на Артан Груби и Прпарим Бајрами за воведување интернет коцкарници, кои како општествено зло директно ги таргетираа младите.

Претходно, Владата донесе одлука за раскинување на коруптивниот договор за закуп на Државна Лотарија со фирмата „ХЕЈ ДООЕЛ“, чиј објект во Визбегово е сопственост на лица кои се поврзуваат со Али Ахмети. Сега има доволно исполнети правни околности да се премине кон институционална одговорност за сите коруптивни коцкарски зделки на ова раководство на ДУИ.

Вреди продолжува да го спроведува Планот за справување со штетните последици од коцкањето. Во фаза на изработка е нов Закон за игри на среќа кои ќе содржи далеку построги одредби, кои во прва фаза ќе го намалат постоечкиот број на коцкарници, минимум за половина.

Продолжуваме и понатаму посветено да работиме исклучиво во интерес на граѓаните!“, велат од Вреди.

Поврзани содржини